Иако за жените обично се вели дека се големи озборувачи, едно британско истражување покажало дека мажите се повеќе склони кон тоа.
Припадниците на посилниот пол едноставно не знаат да чуваат тајни и се што некој ќе им каже во доверба тие многу брзо го кажуваат на другите.
Студијата, во која учествуваа 2.000 испитаници, покажа дека просечниот маж може да чува тајна приближно два часа и 47 минути, или 40 минути помалку од жената.
Секој десетти признал дека изјавил сѐ само 10 минути откако некој му кажал нешто важно.
И покрај тоа, 92 отсто од припадниците на посилниот пол велат дека се личност од доверба.
-Ако сакате да чувате нешто во тајност, не кажувајте му на човекот, рекол претставникот на компанијата што го направила истражувањето.
Ширењето озборувања го олесни современиот начин на комуникација, па многумина нема да чекаат да се сретнат на кафе со своите пријатели, туку тајната ќе им ја откријат преку социјалните мрежи.
Излегува дека на посилната половина и е најтешко да го задржат за себе сознанието за прељубата на пријателот, туѓата лага и доколку некој колега или шеф има авантура на работа.