Не чуваат тајни: Најголеми озборувачи и трачери во хороскопот

од Elena Daskalova

Некои луѓе не умеат да чуваат тајни, а зборот дискреција во нивниот речник воопшто и не постои.

Некогаш озборувањето е забавно, но само доколку се случува во сосема ограничен круг и не наштетува на ничиј живот ниту пак, некого повредува.

Ова се најголемите „трачери“ во хороскопот:

ОВЕН

Овните едноставно обожаваат да озборуваат и најчесто први ги започнуваат овие теми на разговор. Во состојба се да ѝ дадат поголеми димензии на целата ситуација, со цел озборувањето да биде што е можно посочно.

Сепак, Овните се трудат добро да ја скријат оваа своја озборувачка страна, особено од луѓето коишто не ги познаваат добро. Токму затоа треба да се пазите од нив и да си ги задржите деталите од својот приватен живот за себеси.

СТРЕЛЕЦ

Припадниците на овој хороскопски знак се мошне комуникативни, а слободното време најчесто го поминуваат во разговори со своето друштво. Најголемиот двигател на Стрелците им е љубовта и авантурите, па најмногу сакаат да ги коментираат партнерите на луѓето околу нив, но и своите.

Особено болна точка им се поранешните партнери и нивните партнери во сегашноста… во состојба се да анализираат заплеткани љубовни ситуации со часови.

ВОДОЛИЈА

Како изразено друштвен знак, Водолиите имаат обичај да споделуваат детали од својот живот со пријателите, но и од туѓите животи.

Со задоволство ќе ги прокоментираат сите теми без исклучок, а особено привлечни и пикантни им се деталите од сексуалниот живот на луѓето. Иако најдраги им се интелектуалните разговори, во недостиг од такви теми се вртат кон озборувањето.

Слични содржини