Истражување открива: Три намирници кои ги консумираат најздравите луѓе за појадок

од Stefanija Kuzmanovska
632 прегледи

Луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина, јадат ограничена количина на храна. Овој тип на исхрана тешко се одржува на долг рок, поради што со текот на времето повторно се дебелеат.

Од друга страна, луѓето кои одржуваат здрава тежина без да се откажуваат се неисцрпен извор на информации за експертите. Експерти од Финска четири месеци ги проучувале навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина.

Истражувачите предводени од д-р Ана-Лена Воринен откриле дека здравите луѓе обично јадат три вида храна за појадок.

Овошјето било најпопуларен избор за 51 отсто од испитаниците, млечни производи јаделе 41 отсто, додека консумирање на овесна каша или мусли со ладно млеко избрале 33 отсто од луѓето.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат денот со овој вид на храна.

Најинтересно од сè, само 26 отсто од испитаниците признале дека пиеле кафе со појадок, додека останатите (74 отсто) одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош на кофеин.

„Наместо ограничување на исхраната и избегнување омилена храна, прекумерната тежина или дебелеењето може да се спречи ако поединецот научи да ги слуша потребите на својот организам и дава приоритет на квалитетот и квантитетот на оброците“, објаснуваат резултатите од истражувањето Ана- Лена Воринен.

Слични содржини