Истражување: Жените во Грција развиваат антитела на коронавирусот 4 пати побрзо од мажите

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Жените во Грција развиваат антитела на коронавирусот 4 пати побрзо од мажите, вели неодамнешно истражување предводено од инфектолог проф. д-р Сотирис Циодрас, која беше објавена денес во медиумите.

Истражувањето, спроведено во периодот од март до април, се засновала на резултатите од серолошки тестови во приватни и државни клиники со цел да се утврди на кои територии на Грција има поголем имунитет на ковид.

Во студијата учествувале 6.586 лица, а резултатите покажале дека жените (0,78%) произведувале антитела четири пати побрзо од мажите (0,22%).

Повеќето случаи биле испитувани од областа на Централна Македонија, а потоа и од Атика, односно подрачјето на Атина.

Исто така, откриено е дека повеќе мажи (56%) се разболеле од жените (44%) од почетокот на епидемијата во оваа земја.

Истражувањето го водел тим од 18 научници од 7 универзитетски клиники, предводени од сега познатиот професор д-р Сотирис Циодрас, кој раководи со Кризниот штаб во Грција.

Слични содржини