Истражување: Македонците се за медицинска употреба на марихуаната со 70%

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Следејќи ја актуелнaта дебата во Македонија околу легализација на марихуаната за медицинска употреба, агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект, во рамки на сопствените анализи за ставови на јавноста по актуелни прашања, спрoведе истражување по пат на теренска анкета на јавното мислење во Р.Македонија.

download

Македонските граѓани беа прашани:

1. Дали мислите дека употребата на медицинска марихуана треба да биде
легална, или не?
2. Дали мислите дека употребата на марихуана треба да биде легална, или не?

Според резултатите легализацијата на медицинската марихуана ја одобруваат 70% од испитаниците, додека 28% се против.  Од друга страна, за општа легализација на марихуаната се 34%, додека против се 63% од македонскитеграѓани.

Податоците за демографската структура на испитаниците и нивните одговори можете да ги погледнате во инфографикот

М-Проспект ја спроведе оваа анкета во период од15 јуни до 15 јули 2015

 

 

.