262
Идри Истрефи од струшкото село Велешта е кандидатот за градоначалник на Струга на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Тој е избран едногласно од огранокот на партијата Алијанса за Албанците во Струга.
По професија е електроинженер, а вработен е во ЕЛЕМ. Според неговата биографија, Истрефи е член на Централниот одбор на Алијанса на Албанците, а има работено и на повеќе други функции во партијата. Од 1996 до 2005 година, односно девет години, бил и претседател на Советот на Општина Велешта.
За разлика од Истрефи кој е првпат кандидат за градоначалник, негов противник ќе биде актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко како кандидата на ДУИ. Партијата на Мерко очекува тој да биде победник и да го добие четвртиот мандаат во градот.