ISW: Украинците се обидуваат систематски да ја отсечат руската војска на југот од Украина

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Ракетните удари по мостовите кои го поврзуваат Крим со копнениот дел на Украина се дел од кампањата на украинската армија со цел создавање услови за идни контранапади, сметаат експерти од американскиот Институт за проучување на војната (ISW).

„Ударите беа нанесени вчера, автомобилските мостови Чонхарски и Хенически се клучни за снабдување на руската војска. Руските сили сега од многу пократките источни маршрути ќе мораат да го пренасочат патниот сообраќај на подолгите западни. Тоа може да создаде застој во логистиката“, соопштуваат од ISW.

Руски извори цитирани од Институтот тврдат дека за ударите врз мостовите украинската војска користела крилести ракети Storm Shadow снабдени од Велика Британија и Франција.  ISW засега не добил потврда дали тие ракети можеле да бидат пресретнати од руските орудија за противвоздушна одбрана.

Не се знае колку време ќе им треба на Русите да го поправат Чонгарски мост, вклучително и железничкиот дел по кој украинските сили нанесоа удари на 29 јули. Поправката на мостот над Хенически теснец највероатно ќе трае многу подолго, сметаат од ISW.

Институтот анализира дека Украинците се обидуваат систематски да ја отсечат руската војска на југот од Украина и да ја нарушат нејзината логистика, исто како што тоа го направија за време на офанзивата во Херсон.

Слични содржини