Италија и Либија потпишаа договор за гас вреден осум милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Триполи разговараше со либискиот премиер Абдулхамид ал-Дбеиба за енергетски и миграциски прашања, а нафтените компании од двете земји потпишаа договор за гас во вредност од осум милијарди долари, што е најголема поединечна инвестиција во либискиот енергетски сектор во повеќе од две децении.

Договорот го потпишаа шефот на либиската Национална нафтена корпорација (НОК), Фархат Бенгдара, и шефот на италијанската Ени, Клаудио Дескалчи.

Бенгдара рече дека 25-годишниот договор за гас ќе доведе до производство до 800 милиони кубни метри гас дневно, објави „Ројтерс“.

Слични содржини