Италијанската премиерка: Важно е С. Македонија и Албанија да влезат во ЕУ

од Nikola Popovski
358 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека влезот на Албанија и Северна Македонија, заедно со другите земји од Западен Балкан во ЕУ е стратешки важен чекор.

Премиерката изразила загриженост и за развојот на настаните на северот на Косово, пренесува „Репортери“.

Таа посочила ека влезот на земјите од Западен Балкан во ЕУ треба да биде дел од приоритетите на европската политика.

Мелони јасно кажала дека треба да се отворат преговори со Албанија и Северна Македонија, а барањето за интеграција во ЕУ за повеќето земји од Западен Балкан оди преку Италија.

„За стабилноста на европскиот континент, важна е и друга тема од делот „надворешни односи“ на Европскиот совет, а тоа е Западен Балкан и поддршката на Европскиот совет за заклучоците на Советот за општи работи што се одржа денеска во Брисел по прашањето за проширување. Сегашното меѓународно сценарио бара од нас да размислуваме за улогата на Европа како глобален играч, знаејќи дека секоја „стратешка празнина“ ќе биде пополнета од други играчи. И тоа, очигледно, почнувајќи од областа на наш директен интерес. Ова посебно важи за Западен Балкан, чија стабилизација е приоритет, а во однос на безбедноста и за Италија и Европа во целина“, рече Мелони.

Таа додава дека „кредибилната перспектива за членство останува најмоќната алатка на располагање на Европската унија за да ги задржи нациите од регионот прицврстени на нашите вредности. Ова е ставот што Владата го потврди на самитот ЕУ-Балкан што се одржа на 6 ноември во Тирана“.

„Самитот што овозможи да се зајакне дејствувањето и видливоста на Европската Унија во регионот, една од најизложените на последиците од конфликтот во Украина, како и на дестабилизирачкото влијание на Русија. Од оваа гледна точка Неопходно е да се зачува духот што се создаде со отворањето на преговарачките процеси со Северна Македонија и Албанија“, рекла таа.

Мелони додала дека ако има потреба што ги обединува сите народи од регионот на Западен Балкан, тоа е европската интеграција.

Слични содржини