Италијанскиот суд ќе им ја предаде на белгиските власти осомничената за скандалот со Катар

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Италијанскиот суд во Бреша денеска се согласи да им ја предаде на белгиските власти Марија Долорес Колеони, осомничена дека е вмешана во корупцискиот скандал поврзан со Катар што го тресе Европскиот парламент.

Апелацискиот суд во Бреша во северна Италија одлучи дека нема основа да се спречи трансферот на Колеони, сопругата на поранешниот заменик на ЕУ, Пјер Антонио Панцери, за која бриселското обвинителство смета дека е еден од главните „играчи“ во наводниот корупциски скандал, објави „Ројтерс“.

Фото: АП

Слични содржини