Италија: Азилант избодел 5 лица, меѓу нив и мало дете

од Nikola Popovski

Италијанската полиција започна истрага откако еден азилант од Сомалија наводно избодел двајца контролори во автобус за Римини, а потоа уште три лица, меѓу кои и едно момче, за време на неговото бегство.

Италијанските медиуми наведуваат дека истражителите го отфрлаат тероризмот како мотив за нападот и наведуваат дека барателот на азил бил под дејство на наркотици за време на нападот.

Министерот за внатрешни работи Лучијано Ламоргезе изјави дека утре ќе се сретне со службениците во Римини за да изврши увид во овој „многу сериозен инцидент“.

Медиумите пренесуваат дека азилантот немал билет за автобус со себе и дека ги нападнал контролорите кога тие тоа го побарале.

Момчето е во сериозна состојба. Полицијата го уапси напаѓачот, кому од 2015 година му бил одбиен азил во неколку европски земји, вклучувајќи ги Данска, Шведска, Германија и Холандија.

Италијанските државни медиуми наведуваат дека тој поднел барање за азил во Италија и дека живеел во Центар за мигранти во Римини.

 

Слични содржини