Италија: Фрлени молотови коктели во центар за вакцинација

од Nikola Popovski

Во саботата наутро, два молотови коктели биле фрлени во центар за вакцинација во Бреша.

Во нападот никој не е повреден, а штетата била ограничена на еден дел од шаторот, во кој се наоѓала мензата за медицинските работници. Вакцините не се чувале во објектот, а материјалите што биле во него не се оштетени.

Градоначалникот на Бреша, Емилио Дел Боно, изјавил дека станува збор за збунувачки, неразбирлив и неприфатлив гест, додавајќи дека се чини дека станува збор за дело на поединец. Сепак, тој прецизирал дека епизодата не ја загрозува активноста на центарот, која продолжила нормално утрово.

Сличен напад бил извршен и врз Високиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита.

Движењето против вакцинацијата е исклучително силно во Италија, а со избувнувањето на пандемијата, ситуацијата само се влоши.

Слични содржини