103
Италијанското тело за заштита на личните податоци на граѓаните, го казни „Фејсбук“ со еден милион евра, поради прекршување на законите за заштита на личните податоци во врска со скандалот со аналитичката куќа „Кембриџ Аналитика”.
„Казната се изрекува поради незаконски активности во случајот со компанијата „Кембриџ Аналитика”, која добила пристап до личните податоците на 87 милиони корисници на Фејсбук, што ги користела за политички цели“, се наведува во одлуката.
Ова е втора казна што властите во Рим му ја изрекуваат на Фејсбук.