Италијанската кошаркарска репрезентација ја шокираше Србија во финалето на квалификацискиот олимписки турнир во Белград и славеше со 102-95 (28-22, 29-23, 23-18, 22-32) и избори пласман на Олимписките игри во Токио.
Тоа ќе биде прв настап за Италијанците на Игрите откако во 2004 година освоија сребрен медал во Атина, додека сегашниот олимписки вицешампион од Рио де Жанеиро по трет пат во последните четири олимписки циклуси остана без пласман меѓу 12-те репрезентации кои ќе се борат за олимписки медали.
Италија, која во 2016 годинакако домаќин на квалификацискиот турнир во Торино, не успеа да избори пласман на Игрите во Рио, одигра беспрекорен натпревар во Белград вечерва и ја надигра репрезентацијата во сите елементи .
„Азурите“ беа предводени од Ахил Полонара кој постигна 22 поени со 12 скока и погоди шест од осум тројки. Николо Манион беше најдобар стрелец на победничкиот тим со 24 поени, а Симоне Фонтекио постигна 21 поен со осум скока.
Данило Анѓушиќ ги предводеше стрелците на репрезентацијата на Србија со 27 поени. Филип Петрушев постигна 22, а Огњен Добриќ 17.