Италија и градските власти на Рим ја разгледуваат можноста во објектите конфискувани од мафијата да ги сместат мигрантите, кои со години ја притискаат земјата која дефинитивно е на рутата на мигрантите.

Идејата уследи откако италијанската полиција беше критикувана по насилните протести на мигранти од Еритреја и Етиопија кои од 2013 година живееја една зграда, а полицијата без предупредување ги исели.
– Првиот список од 200.000 потенцијано достапни станови треба да биде готов до 31 октомври, напиша Раџи на Фејсбук.
Таа застана и во одбрана на полицијата истакнувајќи дека градот нема да толерира илегални доселеници, проценувајќи оти тие зазеле околу сто згради во Рим.