325
Италија, Летонија, Литванија и Франција најавија дека утре ќе продолжат да ги користат вакцините против коронавирус на „АстраЗенека“.
Најавите дојдоа откако Европската агенција за лекови (ЕМА) објави претходно денеска дека вакцината е безбедна и ефикасна.
Шефот на ЕМА, Емер Кук рече дека придобивките од вакцината на „АстраЗенека“ ги надминуваат ризиците кои може да ги донесе инфекцијата.
Италијанскиот премиер Марио Драги во изјавата рече дека приоритет на владата останува да вакцинира што повеќе луѓе.
Да потсетиме, Италија беше меѓу десетина земји кои престанаа да ја користат вакцината на „АстраЗенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчување на крвта кај неколку лица кои неодамна биле вакцинирани со вакцината.