Италија: Момчето кое го преживеа падот од жичарата се опоравува

од Stefanija Kuzmanovska

Петгодишниот Еитан, единствениот преживеан откако се сруши кабината на жичарницата што ги поврзува градот Стреза и планината Мотороне, во регионот на Пиемонт, повеќе не е поврзан на апарати и дише самостојно, пишува агенцијата Анса.

Во несреќата загинаа родителите на момчето, помалиот брат од две години, неговиот дедо и уште 10 други лица.

Родителите и братот на преживеаното момче ќе бидат погребани денес во Израел, од каде е семејството, а тие живееја во италијанскиот град Павија.

Кабината, која се одвои од жичарницата, се спушти во бездната со брзина од 100 километри на час.

Агенцијата Анса потсетува дека досега се уапсени три лица под обвинение дека се виновни за несреќата, вклучувајќи го и сопственикот на компанијата која управува со жичницата.

Слични содржини