197
Италијанскиот премиер Марио Драги синоќа изјави дека постигнал договор за поголем увоз на природен гас преку медитеранскиот гасовод од Алжир.
По средбата со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун во северноафриканската престолнина, Драги рече дека договорот за извоз на повеќе гас во Италија е важен одговор во постигнувањето на стратешката цел – да се најде замена за руската енергија што е можно поскоро, додавајќи дека и другите ќе го следат примерот. пренесува АП.
Агенцијата посочува дека Русија е најголемиот снабдувач на природен гас во Италија со околу 40 отсто од вкупниот увоз на тој енергенс, а потоа следи Алжир, кој испраќа околу 21 милијарда кубни метри гас во Италија преку трансмедитеранскиот гасовод.
Фото: Andrey Rudakov/Bloomberg