Италија почна со тестирањето на вакцината, сите доброволци ќе добијат по 700 евра

од Nikola Popovski
249 прегледи

Римската болница Спаланзани во понеделникот започна со тестирање на вакцината против коронавирус врз луѓе. Производството може да започне во пролетта ако тестот се покаже како успешен.

Вакцината ќе ја добијат 90 лица избрани од три илјади волонтери кои се пријавиле за тестирање, јавува словенечката агенција СТА.

Волонтерите ќе добијат 700 евра

Првиот учесник на тестот веќе примил доза на вакцината во болница специјализирана за заразни болести. Сите учесници ќе добијат 700 евра.

„Интелигенцијата и науката на нашата земја работат кон глобалната борба против Ковид-19“, рекол италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза, пренесува италијанската агенција Анса.

Вакцината е развиена во Италија од страна на компанија „ReiTHera“, со седиште во Кастелромано во близина на Рим, во соработка со минхенската компанија „Leukocare“ и бриселската „Univercells“.

Според првичните истражувања, вакцината го стимулира развојот на антитела и активноста на клетките на имунолошкиот систем. Осум милиони евра се издвоени за развој на вакцината.

Слични содржини