Во Италија, по неколкунеделна блокада поради пандемијата на вирусот „ковид-19“ во кој починаа повеќе од 20.000 луѓе во земјата, од денес постепено започнуваат отварања, со спротивни погледи од регионалните лидери.
Од денес, покрај прехранбените продавници и аптеки, ќе биде дозволена работа и на продавници како што се книжарници и продавници за детска гардероба.

Во Италија, рестриктивните мерки со кои се ограничува движењето на луѓето се продолжени до 3 мај, меѓутоа, првиот чекор по римокатоличкиот Велигденски понеделник, 13 април, се однесува на постепените деловни активности и оваа одлука наиде на спротивставени ставови кај регионалните лидери.
Лидерите на Ломбардија и Пиемонт, кои се меѓу најтешко погодените региони од вирусот „ковид-19“, се меѓу оние кои се спротивставија на одлуката на италијанската влада, а книжарниците и продавниците за хартија ќе продолжат да бидат затворени во тие региони.
Според новата уредба која денес е ефективна во Венето, граѓаните се должни да носат заштитни маски и ракавици, или да носат гел за дезинфекција со нив надвор од својот дом, им е дозволено да се занимаваат со спортски активности во непосредна близина на нивниот престој, а во Венето им се дозволува да го одбележат Денот на ослободување на Италија, 25 април и Меѓународниот ден на трудот, 1 мај – со традиционална скара, но исклучиво на приватна сопственост и со членови на семејството, а не пријатели.
Лигурија најави постепено отворање и кај градинарството, бродоградбата и малите градежни работи, истакнувајќи дека „првите мали чекори“ бараат голема одговорност и претпазливост.
Во регионот Лацио, книжарниците ќе бидат отворени од 20 април за да се обезбедат сите безбедносни мерки.