Италија: Помалку смртни случаи во однос на вчера, зголемен бројот на новозаразени

од Nikola Popovski
243 прегледи

Италија, една од државите најтешко погодени од коронавирусот, секојдневно се соочува со стотици починати од ова чудовиште.

Во последните 24 часа во земјата починале 437 лица, што е намалување од претходниот ден кога биле преброени 534 жртви.

Како и да е, иако бројот на смртни случаи е малку намален, сепак има зголемување на нови случаи – 3.370 случаи се регистрирани во Италија во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 2.729.

Досега во оваа земја починаа 25.085 луѓе, со вкупно 187.327 заразени, што ја прави трета земја во светот – веднаш зад САД и Шпанија.