Италија со нови рестриктивни мерки: Локдаун за божиќните и новогодишните празници

150 прегледи

Во Италија ќе биде воведена национална блокада во поголемиот дел од Божиќните и новогодишните празници, посочи денес премиерот Џузепе Конте.

Според новите регулативи, сите продавници кои не продаваат најпотребни производи ќе бидат затворени на 24. и 27. и 31. декември, како и 3. 5. и 6. јануари.

Во текот на овие денови, Италијанците ќе можат да одат на работа, како и да завршат итни потреби кои се врзани за здравјето.

Во сите денови помеѓу горенаведените, Италијанците ќе можат да излезат од својот дом.

Меѓутоа, во текот на целиот празничен период сите барови и ресторани ќе бидат затворени.

Нешто порано, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа како последица од Ковид 19, починале 674 лица, а заразени се 17.992 лица.

Во Италија од почетокот на пандемијата починаа 67.894 лица, а регистрирани се 1,92 милиони заразени.

Во првата половина на ноември, почна да се забрзува вториот бран од пандемијата во Италија, и од тогаш, на дневно ниво се хоспитализирани околу 1.000 пациенти.

Слични содржини