Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано денеска предупреди дека постои опасност од радикализација на муслиманите што се наоѓаат во затворите во Италија.
– Во затворите постои опасност од исламистичка радикализиација, изjави Алфано на седница на Комитетот за јавен ред и безбедност на италијанскиот Парламент.

Како што јави ДПА, Алфано нагласи дека властите не треба само да ги казнуваат сторителите на кривични дела со испраќање во затвор, туку треба и да ја спречат исламистичката пропаганда во овие казнени установи, која, според него, веќе дава резултати.
Тој нагласи дека Италија мора да обезбеди дополнителни средства за својата безбедност и да ја засили борбата против организираниот криминал, додавајќи во моментов „земјата не може да се смета за безбедна“/МИА