Италија ќе воведе задолжителен петдневен карантин за сите што доаѓаат или се враќаат од земјите на ЕУ, објави денеска извор од Министерството за здравство.
Исто така, патниците ќе треба да бидат тестирани за коронавирусот пред да ја напуштат земјата, како и по завршувањето на петдневниот карантин, пренесува „Ројтерс“.
Како што се наведува, слични мерки веќе постојат за патувања надвор од ЕУ, а извор од Министерството не наведе колку долго ограничувањата ќе останат на сила.