Италијанец намерно им пренесувал ХИВ на своите партнерки, молчел и ги гледал како умираат

од Milan1

Адвокатката Силвија Гамбадоро (54) од Италија, со години го истражувала поранешниот сопруг на нејзината покојна сестра Стефанија, Луиџи де Доменико (58), бидејќи била убедена дека тој свесно и пренел ХИВ во периодот додека биле во брак.

Нејзината упорност се исплатеше и ја доби правдата што ја сакаше, а Луиџи минатиот месец беше осуден на 22 години затвор на Сицилија за убиство. Се испостави дека сестрата на Силвија не била единствената жртва .

Луиџи и Стефанија беа во брак од 2005 до 2008 година, а заедно имаат син кој се откажа од својот татко за време на судењето. Стефанија почнала да се разболува во 2015 година, а лекарите и дијагностицирале анорексија и леукемија, не можејќи да сфатат што се случува и зошто слабее толку многу.

Предоцна сфатиле дека има ХИВ, кој прераснал во СИДА, а Стефанија починала во 2017 година, кога имала 45 години, а во тој момент имала само 36 килограми, пишува Дејли мејл.

Ова за Силвија и било неприфатливо, па започнала мисија да открие како се разболела нејзината сестра. Знаела дека имала двајца сексуални партнери, од кои едниот бил негативен на ХИВ, а тоа го оставило Де Доменик како единствен виновник, кој кога Силвија му се јавила во 2016 година да го праша дали има ХИВ, тој негирал.

Адвокатката потсети дека Луиџи спомнал дека има партнерка која починала од рак во 1990-тите, но се покажало дека таа има СИДА, како и дека Луиџи земал лекови за ХИВ. Работата да биде уште полоша, на Силвија и се обратиле други жени, поточно четвори, кои и рекле дека Доменик бил во врска со нив и ја премолчувал својата болест, па ги заразиле и нив.

Тој беше осуден за убиство, а Силвија истакна дека иако ништо не може да ја врати нејзината сестра, но барем знае дека правдата е задоволена.

Слични содржини