Италијанка по грешка примила шест дози вакцина против коронавирус

од Nikola Popovski
363 прегледи

Една Италијанка по грешка примила шест дози вакцина против коронавирус од производителот Фајзер/Бионтек и била пренесена во болница, но се чувствува добро, објави агенцијата АГИ.

Медицинската сестра погрешила затоа што наместо една доза на вакцина, ѝ вбризгала на Италијанка (23), приправник во болница во Тоскана, цело шише, што е еквивалентно на шест дози на вакцината.

Експерименти со вакцината Фајзер/Бионтек со можно предозирање се направени за најмногу четири дози на вакцината, така да засега не е познато како пациентот може да реагира на шест дози.

Слични содржини