254
Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин, чија улична вредност е околу 240 милиони евра, што му нанесе тежок удар на колумбискиот Заливски клан, соопштија денеска истражителите.
Полицијата соопшти дека една од најголемите заплени во Европа била кулминација на меѓународната истрага што резултирала со налог за апсење на 38 лица во шест земји: Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија, пренесува „Ројтерс“.
Италијанските истражители од Трст за заплената изјавија дека заплената на кокаин е уште еден тежок удар за најважната група меѓу колумбиските нарко банди.