Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди вчера дека не би смеело да се случи „трговска војна во рамките на Западот“, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави царини од 30% на стоки од Европската унија (ЕУ).
„Трговска војна во рамките на Западот би нè ослабнала сите, среде глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно“, стои во официјалната изјава објавен од нејзиниот кабинет.
Мелони уверува дека „Европа поседува економска и финансиска сила да ја брани својата позиција и да постигне правичен и разумен договор.
„Италија ќе го сработи својот дел. Како и секогаш“, се додава во изјавата.
ЕУ вчера изјави дека го одложува својот одговор во контрамерки за почетокот на август, со надеж дека до тогаш ќе се постигне спогодба.
Трамп во саботата соопшти дека производите внесени во САД од ЕУ и Мексико ќе бидат опфатени со давачки од 30%, кога е всушност крајниот рок за сите трговски партнери на САД или да постигнат договор за други бројки или врз нив автоматски ќе се применуваат новите царински стапки за увоз во САД.
Италијанската опозиција ја критикува премиерката Мелони и нејзината крајно десна партија „Фратели д’Италија“, додека водачот на Движењето Пет Ѕвезди, Џузепе Конте, ја обвини дека „ја наведнала главата“ пред заканите од Вашингтон.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Брисел засега не би возвраќал на американските царини за челик и алуминиум, надевајќи се дека ќе дојде до договор со кој ќе се избегнат предвидените царини од 30%.