Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора го прекори нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев дека премногу се гушкал со соиграчите при радоста кога постигна гол на „Сан Сиро“ во вчерашниот триумф (1-2) против Милан.

-Фудбалот поставува лош пример. Изливот на емоции на Пандев, прегрнувањето со соиграчи е најдобар доказ за тоа. За жал, во ваква ситуација мораме да носиме одлуки кои ќе делуваат заштитнички за здравјето на Италијанците“, изјави италијанскиот министер за спорт. Тој ги повика фудбалерите да ги лимитираат меѓусебните контакти.