Пејачот на италијанската група „Манескин“, Дамјано Дејви, победникот на овогодинешната Евровизија, на прес-конференцијата по победата новинарите го прашаа дали конзумирал кокаин позади сцената.
По тој повод, групата објави на својот официјален профил на Инстаграм.
„Шокирани сме што некои луѓе велат дека Дамијан бил на дрога. Ние сме против дрога и не користиме кокаин. Подготвени сме да тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја пееме нашата музика и сме среќни што ја освоивме Евровизија. Сакаме да им се заблагодараме на сите што не поддржаа. Рокенролот никогаш нема да умре. Ве сакаме“, пишува во соопштението.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Дамијано седи на маса со членовите на групата, а потоа ја спушта главата кон масата, при што делува како да „повлекува линија“.
El de Italia se acaba de meter tremenda raya? #Eurovision pic.twitter.com/23nIKYldsb
— Roger (@Rasps_) May 22, 2021