Нашата улога во моментов е да набљудуваме и да понудиме принципиелни совети, како на пример да се почитува Уставот на државата“, соопшти претставникот на Стејт департментот.
Среде преговорите за составување влада во Македонија и новите моменти со условите поставени во документот претставен од албанските политички партии, Гласот на Америка побара коментар од заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји, за начинот државата полесно да дојде до решение што ќе ја изведе државата од кризата.
„Најпрво, мошне ни` е драго што Македонија можеше да ги одржи изборите на 11-ти декември на коишто имаше голема излезност, а на кои беа присутни голем број меѓународни набљудувачи – од ОБСЕ, САД, ЕУ. Она што знаеме е дека изборите биле одржани во кредибилни услови, што е добра основа за ставање крај на политичката криза во која се наоѓа земјата повеќе од една година“, одговори претставникот на Стејт департмент.

Веруваме дека политичките партии ќе се фокусираат на целите на нивните граѓани, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, за земјата да се придвижи кон поголема интеграција.
Не би сакал да коментирам за никакви детали од платформата што ја споменавте, тоа е меѓу самите партии. Ги повикуваме нашите пријатели или лидери на овие партии да имаат на ум дека нивните граѓани сметаат на нив. Што е можно поскоро, да донесат одлука за влада што ќе може да ја води земјата кон подобра иднина, во демократска Европа, понапредна и постабилна“.
Извор: Гласот на Америка