ИТНО СЕ ОГЛАСИ СОВЕТНИКОТ НА БЕЛАТА КУЌА: Има најнова вест кога станува збор за вакцината за корона

од Aleksandar Petrovski
126 прегледи

Советникот на Белата куќа за коронавирусот, д-р Ентони Фаучи, изјави дека ја задржал својата проценка дека безбедна и ефикасна вакцина против тој вирус може да биде готова на почетокот на 2021 година и дека е „малку веројатно“ дека ќе биде порано.

Телевизијата Си-Би-Ес денес објави дека Фаучи рече дека „поверојатното сценарио“ е дека ќе се знае повеќе за вакцината на крајот на оваа година и дека вакцинацијата ќе се случи на почетокот на 2021 година.

Откако беше запрена студија за потенцијална вакцина за коронавирус на AstraZeneca, бидејќи на еден од учесниците во тестирањето во Велика Британија се разболел, Фаучи рече дека тоа е рутински во напредните фази на вакцини.

Привремената суспензија на испитувањата е „еден од безбедносните вентили што постојат во ваквите клинички испитувања“, рече Фаучи.

Фаучи повторно ги советуваше граѓаните да користат заштитни маски, да одржуваат физичка дистанца и да избегнуваат гужви.

САД се први во светот по бројот на случаи на коронавирус со 6,3 милиони заразени и скоро 190 000 мртви.

Слични содржини