Несаканите влакна по горната усна се вистинска катастрофа за некои жени. Најмногу страдаат од овој проблем дамите со потемна кожа и коса. Хормоналните проблеми исто така би можеле да го оптоварат овој проблем.
Заборавете за мачното кубење со пинцети, коламаската, мачкање на кожата и избелување со разни штетни производи.
Сега можете да ги отстраните несаканите влакна по горната усна во домашни услови и без особени напори со помош на специјална домашна маска со 3 состојки.
Што ви треба?
½ кафена лажичка кокосово масло, ладно цедено
3 лажици брашно
малку вода
Кокосовото масло користете го за масажа на кожата на горната усна. Тоа ќе помогне за длабока хидратација на кожата и олабавување на фоликулите на косата. Така влакната ќе излезат полесно од корените.
Откако ќе завршите со неколкуминутната масажа со кокосовото масло, измешајте брашно со водата.
Со кружни движења нанесете леплива смеса врз горната усна . Втријте добро и оставете да се исуши. Потоа излупете ја добиената “корка”. Влакната ќе излезат од своите корени заедно со неа.
Резултатите се видливи, а постапката воопшто не е болна. Направете ја 2 пати неделно за најдобри резултати.