Иуте Македонија стана официјален партнер на македонската билијард Федерација, во пресрет на Европското првенство во Словенија

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Изминатава недела се одржа прес конференција на која билијард Федерацијата ги претстави учесниците кои ќе патуваат на Европското Првенство во Словенија-Потчетртек, од 8ми до 17 јули.

Оваа година земјава ќе ја претставуваат четири наши репрезентативци и тоа во три различни конкуренции, што е уште една потврда за рапидниот развој на овој спорт.

Христо Василевски – како актуелен државен сениорски првак, Владимир Ѓорѓиески – претставник во сениорска конкуренција во категоријата „спортисти со хендикеп“ кој за првпат ќе настапи на европско првенство, како и младинците Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски, со прво односно второ место во младинската категорија во А дивизија.

Сите претставници изминатиов период имаа интензивни подготовки, меѓу другото и на домашните мастерс турнирите и првенства, со ист ентузијазам и желба достојно да ја претстават нашата земја.

Иуте во континуитет поддржува проекти од јавен интерес во сите општествени сфери. Соработката со Националната Федерација за билјард дојде како резултат на желбата на компанијата да им помогне на исклучително талентирарани и посветени момчиња, кои живеат за реализирање на својот сон и медали.

И по завршувањето на европското првенство, Иуте ќе продолжи да ги поддржува сите активности поврзани со спортскиот календар, како за домашните, така и за меѓународните настапи на нашите билијард репрезентативци.

Од името на Иуте, им посакуваме многу среќа и успех во нивните настапи и претставување.

Слични содржини