Иванка Трамп: Има само една прва дама – Меланија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Денес, околу 16:30 часот, Доналд Трамп ќе положи заклетва како претседател на САД. Медиумите во САД сепак обрнуваат посебно внимание и на жените околу Трамп и веќе неофицијално самопрогласена е неговата ќерка Иванка за прва дама во сенка.

Таа сепак побрза да се огради. Поранешната манекенка, која станала бизнис дама, изјави дека ја смета за несоодветна титулата “вистинската прва дама” каква што ѝ доделија некои американски медиуми, бидејќи  ја гледале почесто до татко ѝ од Меланија, третата жена на милијардерот.

“Има само една прва дама, и Меланија ќе биде неверојатна прва дама, јас се гордеам со неа”, увери 35-годишната Иванка.

Таа ги повика сонародниците  да му дадат шанса на нејзиниот татко, кој според неа “бил неверојатен обединител”.

“Ќе кажам на некои од неговите критичари – дајте му време, оставете го да преземе функциите, дозволете му да докаже дека не сте во право”, рече таа во ТВ интервју.