Должноста на Иванка Трамп нема да има официјална позиција, ниту ќе добива плата. Таа ќе работи во Западното крило – центарот на извршната власт на САД.

Претставникот на претседателската администрација ја потврди исто информациијата  во медиумите дека 35-годишната Иванка Трамп ќе има пристап до доверливи информации.

Нејзината улога ќе биде да служи на како “очи и уши” на Доналд Трамп, додека тој обезбедува широк спектар на совети, објасни нејзинио адвокатот , цитирано од “Политико”.

Иванка која има свој моден бренд, ќе се приклучи на својот сопруг Џаред Кушнер, кој е висок советник на претседателот.

Влијанието на двојката на претседателот веќе покренува прашања во врска со можни конфликти на интереси. Покрај тоа разви и  дебати дали има јасни граници меѓу политичките и бизнис активности на семејството Трамп.

Од инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, Иванка беше забележана да учествува во средби со светски лидери, вклучувајќи канадскиот премиер Џастин Трудо и германската канцеларка Ангела Меркел.