Иванов: Бугарија доживеа историски неуспех на дипломатски план со Северна Македонија

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Ставот дека Бугарија ќе се согласи на повторно преговарање на условите од преговарачката рамка со Северна Македонија е целосен апсурд, изјавил претседателот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов. Тој за БНР најавил дека ваква тема не е покрената ниту на внатрешен план, ниту пак има шанси да се случи.

„Бидејќи некои сили потфрлија во нивната пропаганда на тема Северна Македонија и гледаат дека нема преговори со Европската Унија, мислат дека имало некакво договарање и нови отстапки. Донесена е преговарачка рамка за преговори со РСМ во која се поставени бугарските услови и се опишани механизмите за одлучување. Не може да се репреговара, тоа е факт“, рекол тој.

Иванов смета дека во последните години Бугарија доживеала целосен неуспех во т.н јавна дипломатија во односите со Северна Македонија. Според него, Бугарија покажала неспособност и се ставила во деструктивна улога, поради што изразил надеж дека министерката за надворешни работи Марија Габриел ќе го промени правецот на однесување кон Македонија.

„Покрај односите меѓу државните институции, многу се важни и односите меѓу двата народа. Сакаме да се зближиме со нашите браќа, но го постигнуваме токму спротивното. Станува збор за способноста на една земја да спроведе т.н јавна дипломатија, да ја убеди јавноста да не му верува слепо на релевантниот министер или влада. Доживеавме историски неуспех на полето на таквата дипломатија. Дозволивме политичарите од двете страни да внесуваат омраза“, рекол Иванов.

„Покрај одделните формални прашања, мора силно да го преиспитаме нашиот курс во овој поглед. Дозволивме српските и московските агенти да ја доведат ситуацијата до овој распад на односите меѓу двата народа. Имаме многу добра европска рамка која ни дава можности да ги гарантираме нашите права, но има и други алатки кои треба да ги примениме. Тие треба да се спроведуваат ефективно, а не контрапродуктивно“, додал Иванов во интервјуто.

Слични содржини