Иванов да го даде мандатот за нова влада, и веднаш да се избере претседател на парламентот

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Демократскиот сојуз го повикува претседателот Ѓорге Иванов, денес да го додели мандатот за состав на Владата на Зоран Заев кој доби поддршка од 67 пратеници.
Согласно Уставот, мандат за состав на Влада, добива партијата или партиите кои имаат обезбедено мнозинство во Парламентот.
Такво мнозинство (67 пратеници или 6 повеќе од потребните) имаат СДСМ, ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСАТА.
Состојбите можат драматично да се усложнат доколку и натаму Парламентот е  без Претседател, Владата е техничка и со 4 пратеници во неа, а лидерот на владејачката партија повикува и организира протести со цел да се блокира формирање на Влада.
Демократскиот сојуз, цврсто стои зад унитарноста на државата, парламентарната демократија, владеење на правото и Уставното име Република Македонија.
Демократскиот сојуз е за промени и правда, но и длабоки реформи, согласно определбите на над 612.000 граѓани и во рамките на Уставот на Република Македонија.

Слични содржини