Иванов го потпиша указот за ребалансот на буџетот

од desk2
64 прегледи

Доцна синоќа, во рамките на законскиот рок, претседателот Ѓорге Иванов го потпишал ребалансот на буџетот за 2017 година.

Во Собранието, пред седум дена беше изгласан ребалансот на буџетот, а шефот на државата за потпис на указот на оваа собраниска одлука го искористи максимално дозволениот законски рок од 7 дена. Потпишаниот указ е веќе пратен во собраниските служби, по што следува објавувањето во „Службен весник“ и стапување во сила на овие собраниски одлуки.

Од кабинетот на Иванов вчера информираа дека „претседателот секогаш се изјаснувал во законски предвидениот рок. Така ќе постапи и сега“.