Иванов им го честита Курбан Бајрам на припадниците од исламска вероисповед

од desk2
107 прегледи

Претседателот Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните од исламска вероисповед.


– Големите верски празници се мигови кога ги истакнуваме вредностите на заедништво и почит. Македонија е земја која има вековна традиција на соживот помеѓу различни верски заедници. Почитувајќи ги верските разлики, упатуваме силна порака на градење на соживот и меѓусебно разбирање, бидејќи само така, сплотени и единствени ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани на Република Македонија, пишува Иванов во честитката.