Иванов: Мизрахи како да дошла во игротека, радосна е и прави хирови

од Viktor Jovanov

Не би ја сменил министерката Мизрахи да сум технички премиер, туку би ја оставил, да види народот што прави. Таа жена како да дошла во игротека, сега е радосна и прави хирови, изјави новинарот Зоран Иванов во однос на излегувањето на прес конференција на министерката за труд и социјална политика пред таблата со старото име Република Македонија.

-Техничките министри се таму да ја анимираат јавноста колку власта наводно била нечесна или нелегална, наместо да се работи на воспостување фер и демократски избори. Како министерка, Мизрахи не го почитува законот и е виновна. Каква порака праќа до граѓаните. Доколку министер не почитува закон, што треба останатите да прават. Ако останала старата табла каде што стои името Република Македонија, тоа не значи дека треба да се излезе на прес со истата, а има друга со новото име, вели Иванов.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ со чинот на гласање за влезот во НАТО го признаа името, но сега кај законот за армијата, не го прифаќаат.

Слични содржини