Иванов повторно со јави – и тој буди сомнеж за договорот со Бугарија

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Претседателот  Ѓорге Иванов ја повика владата да објави и да го објасни текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред неговото потпишување. На овој начин и тој како претседателски кандидат на Груевски , исто како и вмровските соопштенија и настапи на пратениците на ВМРО ДПМНЕ  преку наводен повик за транспарентноста, внесува сомнеж  за исправноста на договорот за добрососедство со Бугарија кој треба на 1 август да биде потпишан во Скопје.

Според него недостатокот на транспарентност предизвикува негативни коментари и загриженост во општеството кои треба да се надминат преку објавување на текстот на документот .

“Претседателот Иванов истакна дека секогаш треба да се имаат предвид националните и државните интереси на Македонија и дека ниту еден  меѓудржавен договор не треба да биде на штета на македонските национални интереси”, пишува во официјалното барање на Претседателството на Македонија.

Сепак Иванов ги знае деталите , а и покрај се тој  имаше и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, на која беше информиран за последната верзија на договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Иванов многу добро знае дека и  тој не ги објавува сите детали на сите негови средби и дипломатски  и меѓународни договори,тоа не е пракса,  а одговорноста за својата работа во такви меѓудржавни договори ја сносат тие кои учествуваат во тие преговори и  договори. А за воља на вистината договорот помина во МАНУ, на Влада на РМ, и пред пратениците во парламентот. Се разбира зад затворени врати затоа што тоа е одговороност за сите кои учествуваат. Целосно несогласување не искажа никој, ниту побара да биде блокиран, напротив да биде надополнет.

“Претседателот Иванов, се вели ви соопштението  и во иднина ќе продолжел  да учествува во процесите на помирување и решавање на спорните прашања по мирен начин и преку политички дијалог, во согласност со меѓународното право и добрососедските односи, со цел да се постигнат фер одлуки врз основа на принципот на меѓусебно почитување и воздржување од мешање во внатрешните работи на земјите “, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.