Иванов: УБК е жариштето на секоја политичка криза во Македонија

од desk2
136 прегледи

Жариштето на секоја политичка криза е лоцирано во Управата за безбедност и контраразузнавање и нејзиниот оддел за техничка поддршка. Предложените законските решенијаенија за следење на комуникациите не ја острануваат можноста за злоупотреба и несовесно работење, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во своето годишно обраќање пред македонското Собрание.

Смета дека со овие законски решенија не се отстрануваат ниту забелешките на претставниците на ЕУ. Од 2015 година до денеска, смета тој, препораките на Прибе не се имплементирани, а тоа, како што рече е
основа да се сомневаме дека се уште постои злоупотреба на системот, дека се уште се монтираат случаи и дека се уште надлежни институции не постапуваат во согласност со своите законски надлежности.

– Не случајно повеќе од една година упорно повторувам дека приоритет на Владата мора да биде системска реформа во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија. Некој ќе каже дека тие реформи веќе се во тек. Се предлагаат закони за основање на Оперативна техничка агенција и за следење на комуникациите. На прв поглед, се имплементираат ургентните реформски приоритети на Унијата. Сепак, тука има неколку проблеми. Прво, во овој процес отсуствува вклученост и дијалог со субјектите кои носат одлуки за реформите во УБК. Второ, гледаме парадокс: оние кои треба да се реформираат сега ни ги водат реформите. Оние кои доаѓаат од театарот на генерирање кризи сега ни нудат решенија за излез од кризи, рече претседателот Иванов./МИА