Иванов за снимката со Џафери: Некоректно е, треба да се сочуваат нервите

од Nikola Popovski

Новинарот Зоран Иванов смета дека не му е јасно зошто неговите колеги го прашуваат премиерот Димитар Ковачевски да ја коментира снимката со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Тоа е работа на пратениците и јавноста. Тие две власти се одвоени. Не научивме дека Владата не доминира врз Собранието. Некоректно е сепак тоа однесување, нема оправдување. Колку и да е некој нервозен и да не одат работите, не може така да се реагира. Треба да се најде начин да се сочуваат нервите. Не е за простување. Ако има некое прекршување службениците, има некои механизми општеството, има некоја агенција за службеници, нека си го пријават прекршителот. Институциите да си ги завршат работите. Треба да ги повикаат тие луѓе да ти прашат дали се повредени, рече Иванов во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини