Ивановска демантира дека дава поддршка за Лабудовиќ во вториот круг

„Да бидам јасна, ниту со партии пазар правам, ниту повикувам гласачи. Секој нека си гласа по свое убедување и одговорност“, напиша Ивановска.

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Нзависната кандидатка за градоначалник на Центар, која отпадна во првиот круг, Билјана Ивановска преку објава на Фејсбук демантира дека прави пазари со партии, ниту пак дека повикува гласачи.

Претходно се појавија информации дека таа ќе го поддржи кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.

„Да бидам јасна, ниту со партии пазар правам, ниту повикувам гласачи. Секој нека си гласа по свое убедување и одговорност“, напиша Ивановска.

Во недела, се одржува вториот круг од локалните избори, кадешто силите ќе ги измерат актуелниот градоначалник Горан Герасимовски и кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ.

Герасимовски во првиот круг победи, освојувајќи 8.535 гласа, додека Лабудовиќ освои 5.707 гласа.