Ивановска: ДКСК отвори случај за владините хонорарци

од Nikola Popovski
349 прегледи

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска соопшти дека Антикорупциска отворила случај во врска со владините хонорарци, чии имиња не се обелоденети. Антикорупциска го спори криењето на имињата, бидејќи се работи за државни пари од кои тие се исплаќаат, како и намената на нивниот ангажман, односно дали толкав број на хонорарци бил навистина потребен. Исто така, спорен е и начинот на кој биле исплаќани, односно преку авторски договори и ДСКС ќе испитува дали работата за која биле ангажирани подлежи под авторски договор.

„Од она што добивме досега како информации забележавме дека сите исплати се извршени преку Агенција за авторски права. Се поставува прашањето дали толку многу авторски дела и требаа на Владата, од една страна, од друга страна дали анализите се авторско дело бидејќи во Законот за авторски права не стои дека анализите се авторско дело, стои пишани документи, но тоа е широк поим. Самиот Закон за авторски права кажува дека авторското дело треба да добие јавност. Според мене не само што требало да бидат кажани лицата, туку требало и самите автрорски дела да бидат достапни“, појаснила Ивановска.

Претседателката на ДСКС се осврнала и на препораките на ГРЕКО за што потранспарентно да се објават и да се олесни пристапот до јавните информации, за сите луѓе ангажирани во Владта по било кој основ.

Слични содржини