Ивановска: Одлуката за разрешување на Анѓушев е на Заев

од Hristina Nikolovska

Првата антикорупционерка Билјана Ивановска во вечерашното интервју во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат, во врска со постапката за вицепремиерот Кочо Анѓушев, вели дека иницијативата од Антикорупциска е доставена до премиерот Зоран Заев кој што и да одлучи треба да ги извести во рок од 60 дена. Заев, меѓу другото, има можност да достави иницијатива до Собранието да биде разрешен вицепремиерот Анѓушев.

-Одлуката е на премиерот. Ние сме должни да ги обелодениме состојбите пред граѓаните. Ги утврдуваме состојбите врз основа на аргументи добиени од Владата и министерствата, но и други институции. – вели Ивановска.

Ги спротивставуваме своите ставови на крајот секој согласно своите убедувања дали го сокрил судирот на интереси

Ивановска тврди дека дека Анѓушев не поднел изјава за иземање од постапување и одлучување.

Целиот овој предмет има поголема историја, појаснува претседателката на Антикорупциска.

Слични содржини