Ивановска: Сè уште сме сведоци на партиски пазарења за високи раководни позиции

од Nikola Popovski

Главната заложба на ДКСК е градење на силни институции, преку јакнење на кличниот интегритет на службените лица, кои со своето зкаонито, независно, непристрасно, етичко одговорно и транспарентно вршење на работниет обврски, ќе се спротивстават на корупцијата, изјави првата антикорупционерка, Билјана Ивановска.

Според неа, сè уште сме сведоци на партиски пазарења за високи раководни позиции, кои инаку треба да се пополнат преку јавни огласи, фер конкуренција и МЕРИТ систем.

-ДКСК, повеќепати укажа дека овој начин на дејствување на политичките елити, го поткопува интегритетот на институциите и ја намалува довербата на граѓаните во нив, а извозот на образовен човечки капитал во странство е во постојан пораст, рече Ивановска.

Таа оцени дека за надминување на таквата состојба, потребно е да се воспостават политики, системи и мерки, за луѓето да зборуваат и да кажат не за корупцијата.

– Со години во нашето општество се практикува избор на раководна структура, на начин што остава простор за постоење висок ризик од политичко влијание и клиентилизам, рече меѓу другото Ивановска.

Слични содржини