Ивановска: Суетата, моќта и алчноста ни се главни проблеми

од Берта Китинска

Државната комисија за спречување на корупцијата во иднина сака повеќе да посвети внимание на намалување на дискреционите права на функционерите.

-Законите дозволуваат функционерот да избере од листата што му ја доставува Агенцијата за службеници. Имавме неколку случаи што ги обелоденивме за непотизам. Во еден од нив избран е 41-иот кандидат оти имал добро интервју, а не ги решил тестовите и нема друг успех, вели директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во Утрински Брифинг.

Во однос на соработката со државата, таа истакна дека може многу повеќе да се соработува и да се почитува.

-Мислам дека основен проблем во нашата држава е почитувањето на личност на закон на препорака ние немаме почитување, а главните проблеми ни се суетата, моќта и алчноста тоа е дефинцијата, вели Ивановска.

Слични содржини