Ивановски по истрчаниот маратон: Имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар

од Nikola Popovski
21 прегледи

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 69. место на олимпискиот маратон во Париз со време кое е послабо за околу 20 минути од неговото најдобро во кариерата.

Ивановски е свесен дека освоеното 69-то место и оставреното време (2:28.15) не е она што го замислуваше, но вети дека повредата на стапалото и коленото направиле да има многу послаб резултат од неговиот личен рекорд (2:08:26).

– Почитувани Македонци, пред се сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека тоа е успех. Да кажам дека имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. По времето денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, порача покрај другото Ивановски.

Тамират Тола од Етиопија со нов олимписки рекорд го освои маратонот и се закити со златниот медал. Тој заврши со време 2:06:26, и го подобри олимпискиот рекорд за шест секунди. Второпласиран со сребро беше Башир Абди од Белгија со време од 2:06:46, додека Бенсон Кипруот од Кенија го освои бронзениот медал со време од 2:07.00.

Слични содржини